УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

 

Цените на производите на ВитаВива ДООЕЛ Скопје се со вклучен ДДВ.
Плаќањето за производите на ВитаВива ДООЕЛ Скопје купени преку веб страницата www.vitaviva.mk (во понатамошниот текст: Производи) може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

• Плаќање со платежна картичка;

• Еднократно плаќање при испорака на домашна адреса;

• Плаќање со банкарски трансфер (вирмански).

 Плаќање со платежна картичка

Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Банка, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот. Исто така, производите можат да се плаќаат и со платежни картички издадени од домашни банки во Република Северна Македонија кои се користат за електронски плаќања.

При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта.

Еднократно плаќање при испорака на домашна адреса

Купувачот на нарачаниот производ преку веб-страницата на ВитаВива – Скопје истиот го плаќа еднократно на рака на доставувачот при испорака на производот на домашна адреса.

 Плаќање со банкарски трансфер (вирмански)

Плаќањето ќе биде на нашата трансакциска сметка. При плаќање задолжително напишете го и бројот на нарачката. Вашата нарачка ќе биде испратена веднаш штом средствата ќе легнат на нашата трансакциска сметка.